Автобус излетал од пат кај Куршумлија, 32 лица повредени

Најмалку 32 лица се повредени утрово кога автобус од Подуево, кој сообраќал на релација Салцбург-Приштина, од засега непознати причини излетал од патот кај селото Рударе, во близина на Куршумлија, јави РТС.

Според првичните информации, ниту еден од патниците не е во животна опасност. Повредените се пренесени во здравствените домови во  Прокупље и во Куршумлија, каде се утврдува степенот на нивните повреди.

Несреќата се случила во седум часот утрово. Во автобусот се наоѓале 49 патници, а причините за несреќата се испитуваат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.