Балкан

Автобус излетал од патот и се забил во дрво

Автобус излетал од патот и се забил во дрво

Сообраќајна незгода се случи попладнево во Белград кога градски автобус со број 47 излета од патот и удри во дрво и во три паркирани автомобили.

Возачот на автобусот изјавил дека со цел да избегне судар со автомобил марка „Сеат“ излетал од коловозот и се забил во дрво.

bus1

Според првичните информации во автобусот имало околу 30 патници, но за среќа никој не е потешко повреден.

bus2

Причинета е само материјална штета, односно оштетени се три паркирани возила и градскиот автобус.