Автобус прегази пешак на „Борис Трајковски“

Гранитни плочи паднале врз работници во Прилеп
Гранитни плочи паднале врз работници во Прилеп

Тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице се случи вечерва околу 20:10 часот на булеварот „Борис Трајковски“, пренесе порталот Курир.

Од СВР Скопје  велат дека автобус на ЈСП удрил во непознато машко лице кое починало на лице место. Починатиот маж, според првичните информации е на возраст од околу 65 години.

Полицијата на местото на несреќата извршува увид, по што ќе бидат познати деталите за истата. Идентитетот на починатиот маж засега не е познат.