Автобус се судри со Мерцедес кај Битола, 11 повредени

Единаесет лица се повредени во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на регионалниот пат Битола-Демир Хисар меѓу автомобил „Мерцедес“ и автобус „Форд Транзит“ , двете со битолски регистарски ознаки.

Во незгодата возачот на автобусот З.Д.(47) се здобил со тешки телесни повреди (фрактура на чашка од лево колено, пукнатина на скочен зглоб и посекотина на колено). Тој е пренесен и задржан на лекување во Клиничката болница во Битола.

Во несреќата полесно повредени се уште 10 лица-сопатници во автобусот, кои по укажаната лекарска помош во битолската болница се пуштени на домашно лекување.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.