четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 0

Автокоманда доби нов современ кружен тек

Новоизградениот кружен тек во населбата Автокоманда, утре во 11 часот и официјално ќе биде пуштен во употреба.

kruzen tek avtokomanda

Поврзани вести

Скопје доби уште еден модерен и современ кружен тек. Новиот кружен тек меѓу улиците „16. Македонска бригада“ и „Коце Металец“, ќе придонесе за поубав лик на оваа локација, но што е уште поважно, и за побрзо и побезбедно одвивање на сообраќајот.

Новоизградениот кружен тек во населбата Автокоманда, утре во 11 часот и официјално ќе биде пуштен во употреба.

Инаку, во самиот кружен тек се формирани две сообраќајни ленти со вкупна ширина од 9 метри, а како дел од овој проект се изврши и реконструкција на коловозот на улиците „16.Македонска бригада“ и „Коце Металец“ на потег со вкупна должина од 630 метри.

Поставена е и атмосферската канализација, завршено е поставувањето на уличното осветлување, а на тротоарите се наредени и бектон- плочките.

На изградбата на новиот кружен тек меѓу улиците „16.Македонска бригада“ и „Коце Металец“ работеа екипите на градежната компанија „Бауер БГ“. Градот Скопје за овој градежен зафат потроши околу 45 милиони денари.

ФОТО: КУРИР

Најчитани вести