Со автоматска пушка и пиштол ограбиле спортска обложувалница во Скопје

пушка

Вооружени биле и двете лица. Едното лице било вооружено со автоматска пушка, а другото со пиштол, извршиле разбојништво, при што од вработената одзеле засега неутврден паричен износ, известуваат од МВР Скопје.

Од полицијата соопштија дека се преземаат мерки за откривање и пронаоѓање на сторителите како и целосно расчистување на случајот.