Автомобил бомба експлодираше во близина на зградата на МНР во Триполи

Автомобил бомба експлодираше во близина на либиското Министерство за надворешни работи во центарот на Триполи, јави БТА.

Нема извештаи за повредени.

На фотографии, поставени на Интернет, се гледа изгорен автомобил и негови делови расфрлени низ улицата.

Информацијата за експлозијата не може  веднаш да биде потврдена, наведуваат западните агенции.