Тероризам: Напад со Автомобил бомба врз руски контролен пункт (видео)

Најмалку едно лице загина, а двајца полицајци се сериозно повредени во напад врз полициски контролен пункт во јужниот дел на Русија, во Дагестан.

Како што јавуваат светските медиуми, бомбаш-самоубиец се разнел во автомобил на контролен полициски пункт во јужниот дел на на Русија Дагестан.

Пунктот е стациониран на 15 километри од градот Дербент.

Според извештаите на светските медиуми возилото се приближувало до контролниот пункт, а потоа бил активиран експлозивот.