Автомобил изгоре во Битола

Автомобил изгорел утринава на улицата „Тошо Даскалот“ во Битола.

Од засега непознати причини целосно опожарено било возилото марка „тојота корола“ со битолски таблички, сопственост на П.Ј.(59). Од пожарот на возилото опожарено е и паркирано возило марка „БМВ 525 Д“ сопственост на В.Д.(42).

Од МВР преземаат мерки за утврдување на причините коишто довеле до опожарување на возилото и целосно расчистување на настанот.