Автомобил излета на патот Волковија –Тетово

Автомобил излета на патот Волковија –Тетово, а три лица се повредени од кои едното потешко.

Како што информира МВР, несреќата се случила вчера во 03.50 часот на регионалниот пат Волковија-Тетово.

Автомобилот „Форд Ескорт“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ж.Б. (21) од Тетово, излетал надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди, опасни по живот, се здобил сопатникот во Ј.И.(21), а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Ѓ.Ј. (21), сите од Тетово.

Тројцата се пренесени во Клинички центар-Тетово, каде им е укажана лекарска помош, а Ј.И. како итен случај е префрлен  во Ургентен центар-Скопје, каде е задржан на лекување. Увид извршила екипа од ПС за БПС-Тетово.