Автомобил излета од патот кај месноста Острово

Автомобил излетал од автопатот А1 Неготино – Демир Капија кај месноста „Острово”, близу Неготино.

Во моментов се врши увид на местото на несреќата и засега не може да се дадат детали за сообраќајката и бројот на повредени, информираат од МВР.

Според првичните информации, сообраќајната несреќа била пријавена во 11 часот и 13 минути.