Автомобил излета од патот кај Зајас, едно лице загина, две се повредени

Утрово околу девет часот се случила сообраќајна несреќа во атарот на селото Зајас, по што едно лице загина, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случила на магистралниот пат Кичево- Гостивар, во атарот на селото Зајас, кога автомобил „Рено Лагуна“ со скопски таблички, управувано од 59-годишниот В.П. излетало од патот и се превртело.

На местото на несреќата починала сопатничката во автомобилот, 80-годишната Младица С.од Скопје, возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека третата сопатничка поминала само полесни повреди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.