Автомобил паднат во провалија на Водно

Автомобил паднат во провалија на Средно Водно,во близина нема жртви.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера, околу 18 часот, Ж.Т. од планинарско друштво „Бистра“ и пријавил дека кај локалниот пат за средно Водно, во близина на детското одморалиште во провалијата има автомобил.

Униформирани полициски службеници излегле на лице место, при што пронашле автомобил  „Опел Вектра“ со скопски регистерски ознаки, бела боја паднато во провалија, кое било затворено и празно и по извршената проверка утврдено е дека нема лица во близина на возилото, а сопственикот на истото се уште не е пронајден.