петок, 9 декември 2016  |  Вести денес: 39

Автомобил прегази пешак во Лисиче

policija-lenta-stop-policija

Поврзани вести

Триесет годишниот скопјанец Б.С. се здобил со тешки телесни повреди, откако во него удрил автомобил.

Вчера во 15,00 часот во Скопје на ул.„Тодор Чангов“, се случила сообраќајна незгода во која Г.Ѓ.(40) од село Долно Лисиче, управувајќи автомобил „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешак Б.С.(30) од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки повреди (фрактура на лева потколеница и лев скочен зглоб), по што е пренесен и задржан на лекување во ГОБ„Св.Наум Охридски“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.

 

Најчитани вести