Автомобил се преврте кај Плетвар

Автомобил се преврте денеска на патот Градско – Прилеп на превојот Плетвар.

Шесте лица кои се превезувале во него, меѓу кои и две деца за среќа поминале без повреди. Причина за несреќата како што јавува Канал 77 се лошите услови на патото, кој бил со остатоци од снег.

На помош на возачот од превртениот автомобил му дошле фудбалерите на Победа кои таму случајно поминувале враќајќи се од пријателски натпревар.