Автомобил се забил во дуќан во Тетово, четворица повредени (ФОТО)

Четири лица, две машки и две женски, биле тешко повредени во сообраќајната несреќа што денеска околу 14 часот и 30 минути се случила на улицата Видое Смилевски-Бато во Тетово.

Патничко возило „Форд ескорд“ со тетовски регистерски таблици од засега неутврдени причини загубило контрола, излетало од коловозот, удрило во дрвен електричен столб (бандера), а потоа и во изложен простор на трговска фирма односно дуќан, посочија од тетовската полиција

Четворицата повредени по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница итно биле префрлени на скопските клиники. По увидот што по овластување го изврила екипа на СВР Тетово поточно ќе се утврдуваат причините за несреќата, кој го управувал возилото и се друго поврзано со истата. Во несреќата причинета е и значителна материјална штета на возилото и трговскиот изложен простор.

nov

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.