Автомобил се запали на Партизанска

Автомобил „Хјундаи Поло“ се запали на раскрсницата помеѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Франклин Рузвелт“.

Пожарот бил пријавен пред околу еден час, пo што пожарникарски и полициски екипи веднаш излегле на лице место.

Пожарот е изгаснат, а за среќа нема повредени лица.

Според непотврдени информации причина за избувнување на истиот е неисправен плински уред.