Автомобил се запалил во Велес

Автомобил марка „бмв“ со бугарски таблички се запалил на улицата „Архиепископ Михаил“ во Велес.

Возилото е во сопственост на К.Р.(28) од Велес.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Велес. Причинета е материјалната штета од околу 30.000 денари. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.