Автомобил удри 8-годишно момче во тетовско

Осумгодишно момче е тешко повредено во сообраќајната несреќа што се случи вчера во 14,00 часот на регионалниот пат Тетово-село Пирок.

Пред раскрсницата за село Горно Седларце, се случила сообраќајна незгода во која Р.Љ.(34) од село Боговиње, управувајќи автомобил „Мерцедес“ со словачка национална ознака, удрил во пешакот на возраст од 8 години од истото село.

Во незгодата пешакот се здобил со повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничката Болница воТетово, е префрлен во Ургентниот центар во Скопје. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово.