Автомобил удрил во потпорен ѕид, возачот е тешко повреден

Автомобил излетал од коловоз и удрил во потпорен ѕид, при што возачот се здобил со тешки телесни повреди, информираа од МВР.

Според полицијата, пред два дена во 19.00 часот на регионалниот пат с.Софилари-Штип, патничко возило „Рено Твинго“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(65) од Штип, излетало надвор од коловозот и удрилo во потпорен ѕид. Од ударот возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клинички центар Штип, каде му била укажана лекарска помош, но поради сериозноста на повредите бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.