Автомобил урна столб од улично осветлување во Велес

Банкина и десетматерски столб од улично осветлување урна синоќа автомобил „мерцедес“ пред зградата на Новиот театар во Велес со кој управуваше 22-годишно момче.

Незгодата се случи околу 22:20 часот, а повредени нема. Причинета е само материјална штета.

Со возачот, во возилото имало уште едно младо момче. Автомобилот е оштетен на предната десна страна.

Полицијата веднаш по несреќата направи увид и работеше на утврдување на причините