сабота, 24 декември 2016  |  Вести денес: 26

Автомобил влета во група луѓе на плажа во Кушадаси, има загинати

kusadasi

Последни вести

Автомобил влета меѓу голем број луѓе кои уживаа на плажата во познатото туристичко место Кушадаси во егејската покраина Ајдин, при што загина едно лице а четири други се повредени.

Возачот на автомобилот, кого медиумите го идентификуваат како 84-годишен локален жител, ја загубил контролата над возилото и излетал од патот, пренесува агенцијата Доган.

Автомобилот влетал во луѓето кои се сончале и пливале на плажата пред да заврши во морето.

Во инцидентот загинал 31-годишен турски државјанин, а покрај сопругата на возачот повредена е и уште една повозрасна жена и двегодишно дете.

Повредените се однесени во блиската болница, додека автомобилот е извлечен од морето по неколку часа, по завршувањето на увидот. Турските власти отворија истрага за инцидентот.

Најчитани вести