Автомобил влета во пешачка зона – тројца повредени

Три лица се ранети, од кои еден потешко во германскиот град Хајделберг, откако маж со автомобил влета во пешачка зона на централниот плоштад, соопшти германската полиција, јави Би-Би-Си.

Осомничениот избегал, мафтајќи со нож, а полицајците го следеле и со запреле, по што му наредиле да го остави ножот.

Тој не ја послушал наредбата, поради што полицајците отвориле оган кон него. Напаѓачот е ранет и одведен во болница.

Засега не се познати причините за индицентот.