Автомобил во движење се запали на Јужен булевар

Автомобил „Форд“ попладнево се запалил на Јужен булевар во Скопје, објави порталот Курир.

Порталот повикувајќи се на инфортмации од СВР Скопје пишува дека инцидентот се случил попладнево околу 17 часот. Автомобилот се запалил додека бил во движење. Според првичните информации повредени лица нема, а пожарот веднаш бил изгаснат.

Увидот ќе покаже кои се причините за избувнување на пожарот.

Фото: Курир

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.