Aвтомобил се преврте на Водно, повредени две момчиња

Автомобил  од марката „Застава 101“ попладнево се превртел на патот за Водно и завршил на покривот. Медиумите известија дека станува збор за едно лице кое е повредено и кое од непознати причини изгубило контрола над возилото и се превртело. Набргу по несреќата дошло возило на медицинска помош и му биле санирани повредите на возачот, а набргу дошла и полициска екипа на увид.

Сеуште нема официјални информации од полицијата, а се претпоставува дека станува збор за младо момче кое штотуку ја добило возачката дозвола и ова му било прво возење. исто така се споменува дека имало сопатник во возилото.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.