Автомобилите со босанска регистрација не можат да влезат на Косово

Косовските власти не им дозволуваат на автомобилите со регистарски таблички на Босна и Херцеговина да влезат на Косово, со објаснување дека меѓу двете земји нема никаков договор во областа на транспортот, јави српската државна телевизија РТС.

Поради забраната, која стапи во сила од вчера, на граничниот премин со Србија „Мердаре“ е создадена колона од возила, а десетици семјества биле принудени да се вратат назад.

Тие велат дека одлуката на косовската Влада е неправедна и дека јавноста требало да биде навремено информирана за неа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.