Aвтомобилот му се превртел на автопат поради пукната гума

За среќа скопјанецот помина без повреди, откако поради пукната гума автомобилот му се превртел на автопатот Велес- Градско.

Во сообраќајна незгода што попладнево се случи на автопатот Градско-Скопје, за среќа без повреди помина возачот на автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски таблички.  Најверојатно, поради пукната гума автомобилот му се превртел на автопат.

Како што пишува порталот „Курир“ несреќата се случила попладнево околу 14. 30 часот, на два километри од мотел Македонија. Скопјанецот возејќи го автомобилот, изгубил контрола и се превртел.

Според информациите од СВР Велес, најверојатно пукната гума била причината за сообраќајната несреќа.

Откако автомобилот му се превртел, од истекувањето на бензинот возилото се запалило, но шоферот, кој бил сам во него, успеал неповреден и навреме да излезе. Тој дури одбивал да добие медицинска помош. Со апарат за гаснење пожар, автомобилот бил изгасен. За среќа нема човечки жртви, но причинета е поголема материјална штета.

Увидна екипа на СВР Велес се уште е на лице место на несреќата и ги утврдува причините за сообраќајката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.