Автомобилот на исчезнатиот стружанец пронајден во Дебар

Aвтомобилот со кој патувал дваесет и седумгодишниот стружанец Уран Купа, кој пред два дена исчезна под мистериозни околости е пронајден во Дебар, пишува порталот на албански јазик „Ватра“.

Извори блиски на порталот потврдиле дека автомобилот е пронајден спроти старата градска автобуска станица во Дебар.

Порталот пренесува и фотографија од местото каде е пронајден авомобилот.

Претходно градоначалнкот на Струга, Зијадин Села, побара помош од надлежните органи, но и меѓународните претставници да се разветли мистериозното исчезнување на Купа, од Велешта, инаку вработен во општина Струга.