Автомобилот на Заев се судрил со пунто – шестмина повредени

Утринава, во возилото на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, удрил автомобил „фијат пунто“.

Во моментот на сообраќајта со возилото управувал возачот на Заев, а во него била и сопругата на возачот.

Според информациите од МВР, сообраќајката се случила на раскрсницата „Климент Охридски“ и „Братство и единство“, кога се судриле автомобил „фиат пунто“ со штипски регистерски таблици и „ауди“ со струмички регистерски таблици, во кое што биле возачот на Заев, неговата сопруга и уште двајца сопатници.

Во сообраќајката со телесни повреди се здобиле возачот на „фиат пунтото“, дваесет и петгодишниот В.М., неговата врсничка С.Г. и триесет и двегодишниот сопатник З.М. сите од Радовиш.

Возачот на „аудито“, шоферот на Заев, не се пожалил на повреди додека неговата сопруга, педесет и тригодишната Ј.А., шеесет и едногодишниот сопатник Д.К.и уште една сопатничка се здобиле со телесни повреди.

Повредените се пренесени во струмичката болница каде им била укажана лекарска помош. Извршен е увид на лице место и се утврдуваат причините за несреќата.

Автомобилот „ауди“ бил на лизинг и не се води ниту на име на општина Струмица, ниту на име на физичко лице, објави Макфакс.