АВТОМОБИЛОТ СМАЧКАН: Пожарникари едвај го извадиле телото на загинатиот во сообраќајката кај Велес

Сообраќајката се случила околу 10 часот кај бензинската пумпа „Црна река“ во индустрискиот дел на градот.

– Такси-возилото возеше од правец на Топилница кон градот, а камионот од Велес вртеше лево кон УЗУС. Не можам да претпоставам како возачот на автомобилот не виде толкав камион, само се удри директно во него. Од силината на ударот, возилото се изврте за 360 степени, дојде паралелно со камионот,  вели очевидец на сообраќајката.