Спорт

Автомобилска трка во Црна Гора заврши трагично

Автомобилска трка во Црна Гора заврши трагично

Ридската трка „Меморијал Фрањо Кунчер“ во Ловќен, Црна Гора, имаше страотно издание и однесе еден живот.

Несреќата во која загина еден навивач, се случила кога возачот на „Југо 55“ Иван Капа во класата до 1150 кубици, ја загубил контролата врз своето возило и непосредно пред целта излетал од патеката и завршил во местото каде се наоѓала публиката.

Во несреќата настрадал Ранко Чејовиќ (52) од Бар, кој починал како последица на ударот, додека возачот на југото е задржан во болница поради тешки повреди на коските на двете раце.

Според информациите уште тројца гледачи се повредени.