На автопат фатени двајца илегални нигериски мигранти

На автопат фатени двајца илегални нигериски мигранти. Полициска патрола, вчера попладне открила двајца нигериски мигранти на на автопатот Велес – Куманово кај клучката Миладиновци, соопшти МВР.

Тие биле откриени околу 17 часот и кај себе немале никакви документи за иднетификација а според нивните изјави станува збор за У.М.(37) и И.О.(32) кои илегално влегле во Македонија.

Двајцата се префрлени во Прифатниот центар во Гази Баба.