Автопатиштата се градат согласно утврдената динамика

Автопатиштата во земјава се градат согласно утврдената динамика. Во текот на вчерашниот ден премиерот Груевски изврши увид и во градежните активности што се во тек за изградбата на автопатот Охрид – Кичево во должина од 57 километри, со проектирана вредност од 374 милиони евра.

Тој истакна дека градежните активности се одвиваат одлично, согласно утврдената динамика, пренесува Лидер.

Пробиени околу 77 проценти од трасата на автопатот Охрид – Кичево
Пробиени околу 77 проценти од трасата на автопатот Охрид – Кичево

Речиси е пробиена целата траса, еден дел почна да се асфалтира како што може да се види на лице место. Планот е нeкаде до крајот на следната 2016 година дел од автопатот да биде завршен. Осумнаесет километри веќе да бидат пуштени во употреба додека останатиот дел ќе се заврши во предвидениот рок од четири години. Наскоро планираме да почнеме со уште една делница на автопат, тоа ќе биде во текот на 2016, веројатно некаде средината на 2016 година, а тоа е делницата од Требеништа до Струга, најверојатно во исто време ќе отпочне и изградбата на експресниот пат од Охрид до Пештани, сообраќајница што во моментов се проектира и за која се обезбедува потребната документација изјави Груевски.

Пробиени околу 77 проценти од трасата на автопатот Охрид – Кичево

Како што пишува Лидер…