Автопатиштата се градат согласно утврдената динамика

Како што пишува Лидер, се работи на земјените работи со завршени 43 пропусти, а се работи и на десет други.

Моментално се работи на осум потпорни ѕида, од кои еден е целосно завршен, на седум вијадукти и четири мостови, како и на три потпатника и натпатника. Интензивно се градат и тунелите, а се пробиени повеќе од 600 метри од тунелот „Пресека“ што ќе биде долг некаде околу два километри. На градилиштето во моментов се ангажирани 1.190 работници, со механизација од 661 камииони и машини.

Ќе се гради експресен пат Штип-Кочани, обезбедени средства од ЕБОР

Македонија доби од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) дополнителни 21 милион евра со кои се овозможува, наместо реконструкција на постоечкиот, изградба на нов експресен пат од Штип до Кочани. Договорот во Лондон го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, првиот потпретседател на Банката Фил Бенет и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов.

Ќе се гради експресен пат Штип-Кочани, обезбедени средства од ЕБОР
Ќе се гради експресен пат Штип-Кочани, обезбедени средства од ЕБОР

Експресниот пат…