Автопатот кај Градско затворен, прекини на патот Кичево – Охрид

Автопатот кај Градско затворен за сообраќај. Прекини во сообраќајот ќе има и на патот Кичево – Охрид. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Од „Мануфактура” продукција најавуваат дека денес, 28.10.2015 (среда), поради снимање на францускиот филм „A Fond”, ќе биде затворен дел од автопатот А1, поточно делницата од мотел Македонија до Градско, во периодот од 05:00 до 18:00 часот. Сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат со соодветна сигнализација.

Прекин на сообраќајот на патот Кичево - Охрид
Прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Поради изведување на градежни работи (крпење на ударни дупки) на автопатот А2, од наплатната Гостивар до наплатната Тетово, денес (28.10.2015г.), се препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Денес поради изведување работи на пат (минирање) на патот А2 Кичево – Охрид на делот помеѓу Пресека и село Врбјани сообраќајот ќе биде во прекин 15-20минути помеѓу 14:30 – 17:00часот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.