Автопатот отворен, ама мрежата на Вип слабо се фаќа

По повод пуштањето во употреба на новата делница Демир Капија – Смоквица во должина од 28,2 километри, Вип обезбеди првовремена покриеност на дел од автопатот, со цел непречена комуникација на своите корисници на новоизградениот дел, соопштуваат од компанијата.

Вип ги известува своите корисници дека од утре ќе обезбеди иницијално решение за мрежно покривање за своите корисници, а веќе интензивно работи на обезбедување на перманентно квалитетно мрежно покривање.

Со завршувањето на градежните работи кои се изведуваа на делницата, како и достапноста до отежнатиот предел во околината, веќе се овозможува пристап на тимот на Вип за интензивна акција за поставувањето на перманентно квалитетно покривање, се вели во информацијата до јавноста од компанијата.