Азар прогласен за најдобар во Премиерлигата

Фудбалерот на Челзи Еден Азар е прогласен за најдобар играч на сезоната во Премиер лигата во изборот на професионални играчи.

Белгискиот интернационалец сезонава во дресот на „сините“ постигна 13 гола и 8 асиситенции иако до крајот на актуелната сезона остануваат уште пет кола.

– Многу сум среќен. Еден ден сакам да биде најдобар, оваа сезона играв добро, исто така и мојот клуб. Јас не знам дали ја заслужив оваа награда, но ова е многу добро за мене. Најдобро е кога за најдобар ќе те прогласат играчите, тие знаат се за фудбалот, изјави Азар.

Азар доби повеќе гласови од членот на Тотенхем Хари Кејн, кој беше прогласен за најдобар млад играч на сезоната, и голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Хеа.