Азард: Уште сум далеку од Меси и Роналдо

Најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Белгија, Еден Азард откри дека прво мора да постигне многу повеќе погодоци од најдобрите фудбалери на денешницата, Лионел Меси и Кристијано Роналдо, за да потоа биде дефиниран како фудбалер од светска класа.
“Не сакам да зборам за себе, самиот да се фалам. Мислам дека во овој момент не можам да бидам дефиниран како фудбалер од светска класа. Потребно е да постигна многу повеќе погодоци за да бидам во групата со најдобри пет фудбалери на денешницата. Најдобрите фудбалери постигнуваат најмалку по еден погодок на секој натпревар. Тоа е нешто нормално за Роналдо и Меси, тоа го прават секоја сезона. Морам да постигнам многу повеќе погодоци од Меси и Роналдо па потоа да бидам дефиниран како фудбалер од светска класа. Тие се врвот во фудбалскиот свет”, изјави Азард.