Азард заменет поради болка во коленото

Најдобриот фудбалер во дресот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Еден Азард ги одигра само првите 17 минути од реванш 1/4 финалниот дуел од Лигата на шампиони против екипата на ПСЖ, а по натпреварот ја откри вистинската причина поради која бил заменет со германскиот интернационалец, Андрес Шурле.

„И пред да почне натпреварот, додека се загревав почуствував силна болка во коленото. И покрај болката решив да настапам од првата минута. Кога сфатив дека болката нема да исчезне, побарав да бидам заменет. Не сакав да ризикувам со повреденото колено, не сакав да заработам уште потешка повреда”, изјави репрезентативецот на Белгија.