Азаров ги повика украинските политичари да ја превземат одговорноста

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров, кој доброволно си поднесе оставка ги повикаа украинските политичари кон одговорност за мирно решавање на сложената ситуација во земјата, пренесе „РИА Новости“.

„Знам дека продлабочувањето на конфронтацијата ќе доведе до сериозни загуби во економијата на земјата и дестабилизација на социјалната сфера. Токму разбирањето за тоа ме принуди да ја донесам мојата одлука. Посакувам и надевам дека и други политичари ќе го слушнат мојот повик кон мир и разбирање“, изјавил Азаров.