четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 16

Азиланти од Алжир, Тунис и Мароко потешко до азил во Германија

azilanti

Последни вести

Владата во Берлин ќе ги стави Алжир, Мароко и Тунис на листата на „безбедни земји“, што ќе значи дека нивните граѓани ќе немаат големи шанси да добијат азил во Германија, најави германскиот вицеканцелар и министер за економија, Зигмар Габриел.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, со новите мерки, кои доаѓаат откако Финска и Шведска најавија план за депортација на десетици илјади луѓе, дел од бегалците во Германија ќе немаат можност во следните две години во земјата да ги донесат и своите семејства.

Финската Влада најави депортација на околу 20.000 од вкупно 32.000 баратели на азил кои лани пристигнале во замјата. Голем дел од нив се од земји во кои нема конфликт, по што се очекува тие да заминат во некој друга европска земја, а прва на удар би била Германија. Шведска во наредниве неколку години планира да депортира 80.000 луѓе, кои не ги исполнуваат условите за добивање азил.

Според новите правила во Германија, мигрантите кои ќе добијат т.н. „субсидијарна заштита“, што е едно ниво понизок статус од оној на бегалците, нема да можат да ги донесат своите семејства во следните две години. Овој статус се дава на некои одбиени баратели на азил, кои што се соочуваат со прогонство во своите земји.

Ставањето на Алжир, Марово и Тунис на листата на безбедни земји може да се поврзе и со новогодишните сексуални напади врз стотици жени во Германија, при што голем дел од напаѓачите беа од овие земји.

Најчитани вести