Македонија

Азискиот стршлен се појавил во Скопје?!

Азискиот стршлен се појавил во Скопје?!

Откако се рашири веста дека азискиот стршен се појавил и во Македонија, паниката не стивнува.

Една скопјанка забележала невообичаен инсект за кој се сомневаат дека е азискиот стршен.

Како што пренесува Сител телевизија, Снежана го забележала стршенот полу мртов пред прагот на куќата на Водно. Го усмртила веднаш и го затворила со чаша. Сомнежот се јавил откако прегледувала по сликите на интернет и википедија. Го споредувала, но незнаела каде да се обрати за да го предаде на анализа. Екипата на Сител била во домот на Снежана која им рекла дека доколку се покаже дека станува збор за смртоносниот стршен, тогаш тој не е единствениот во нивната околина.

Сомнежот станал уште поголем поради тоа што кровот на куќата во која живее семејството на Снежана бил дрвен и има простор каде да направат осило. Запуштениот двор со грмушки во куќата спроти нив е уште една причина за нивната паника. Екипата на Сител го однела инсектот во лабораторијата при универзитетот за Ветерина и се очекува експертите да потврдат дали инсектот уловен на Водно е опасниот азиски стршен.

Овој инсект потекнува од Азија, има портокалова глава и може да порасне до 8 центиметри. Лета со брзина од 60 километра на час. Азискиот стршен ги напаѓа пчелите, убива и до 40 во една минута. Тој е опасен и за човекот, има голем црн заб за боцкање, со кој е во состојба да предизвика застрашувачки убоди кои личат на рани од куршум. Од неколку убоди може да престане работата на бубрезите, да го отежни дишењето и да предизвика смрт. Поради големите климатски промени, забележан е во повеќе балкански земји.