Азиските берзи го следеа потопот на Волстрит, индексот Nikkei падна за речиси 5 отсто

На азиските берзи во вторникот цените на акциите остро паднаа, откако неколку часа претходно на затворањето на понеделничкото тргување на Волстрит беа забележани најголемите дневни загуби на индексите од 2011 година, бидејќи вложувачите стравуваат од јакнењето на инфалцијата и затегнувањето на монетарната политика од страна на американскат централна банка Federal Reserva (Fed).

Клучниот индекс на Токиската берза Nikkei потона во вторникот за 4,73 отсто и достигна 21.610 индексни поени, а во текот на трговскиот ден неговиот пад беше дури и поголем, забележувајќи дневен пад најголем во последните 18 години. Во еден момент од тргувањето водечкиот јапонски индекс беше во минус и 5,5 отсто.

Остриот пад на Nikkei се долж на рекордниот пад забележан претходниот ден на водечкиот американски берзански индекс Dow Jones, кој според податоците од њујоршки Волстрит загубил 1.175 поени, или 4,6 отсто од вредноста.

Генералниот секретар на кабинетот на министрите на Јапонија, Јошихиде Суга, не ја коментираше ситуацијата, но изрази уверување дека властите внимателно ќе го следат развојот на ситуацијата. Министерот за економија, трговија и индустрија, Хирошиге Секо, пак, изрази уверување дека падот не значи и проблеми за економијата.

„Добивките на јапонските компании во моментов се на рекодрно високо ниво. Не веруваме дека ситуцијата во економијата се влошува“, изјави Секо, пренесе агенцијата Bloomberg.

Острото зајакнување на курсот на јапонската валута јенот, што ги прави неконкурентни локалните големи извозници, исто така, влијаеше врз падот на индексите на Токиската берза. На отворањето на вторничното девизно тргување, вредноста на американскиот долар падна за 1,04 отсто, и достигна 108,75 јени за долар.

 

Голем пад на индексот на азиско-пацифичките берзи

Цените на акциите, пак, на берзите во Шангај, Сингапур, Јужна Кореја, Австралија и Хонгонг паднаа меѓу 1,6 и 4,3 отсто. Така MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во претпладневното тргување падна за 3,5 отсто, што е негов најголем дневен пад во повеќе од година и половина.

Азиските вложувачи на распродажба на акциите ги натера остриот пад на цените на акциите на Волстрит, каде што индексите Dow Jones и S&P 500 потонаа за повеќе од 4 отсто, што е нивен најголем дневен пад од август 2011 година, кога на пазарите владееше паника поради должничката криза и намалувањето на кредитниот рејтинг на САД.

Според аналитичарите, стравувањата на инвеститорите се предизвикани од изгледите за инфалција во САД. Како што истакнуваат на аналитичарите на CNN, од 2-ри февруари основните показатели на индустриската активност во САД ги загубиле позициите освоени на почетокот од годинава. Острата промена на расположението на берзите е спротивна на изјавите на американскиот преседател Доналд Трамп и на Белата куќа за невидената досега цврста основа за натамошниот раст на американската економиија.

Терминскиот индекс S&P 500 и во вторникот претпладнето беше во минус од 3 отсто, што значи дека и во вторникот на најголемата светска берза цените на акциите дополнително може да паднат. Во понеделникот во еден момент Dow Jones потона за повеќе од 6 отсто или за речиси 1.600 индексни поени, што е негов најголем дневен бодовен пад во еден ден во историјата.

„Износите од оваа распродажба на акциите се во нормалните граници. Но брзината на распродажбата не е нормална. Кога овој пад ќе сопре? Мислам дека се проближивме до кулминацијата. Фундаментите се прилично добри. Единствената работа којашто се промени е растот на приносите на обврзниците на 2,8 отсто“, вели за Reuters Мајкл Парвес, стретег во компанијата „Weeden & Co.“.

 

Силен раст на приносоти на обврзниците

Светските берзи веќе подолго време силно растат, при што на Волстрит и многуте други пазари индексите достигнаа највисоки нивоа во историјата, благодарејќи на стабилниот раст на светската економија, ниската цена на парите и растот на заработката на компаниите.

Имајќи го предвид долготрајниот раст на пазарите, корекцијата на цените на акциите беше очекувана, а ја поттикнаа во петокот објавените податоци од американскиот пазар на трудот, коишто покажаа дека вработеноста и платите силно растат. А тоа би можело да го поттикне растот на потрошувачката и на инфлацијата, па американската централна банка би можела годинава да го забрза темпото на зголемување на клучните каматни стапки. Fed минатата година ги зголеми каматите во три наврата за 0,25-процентни поени, а се очекува дека годинава дополнително ќе ги зголемува каматите два до трипати, започнувајќи од март.

Поради тоа во вторникот претпладнето приносите на 10-годишните американски државни обврзници дополнително пораснаа на 2,88 отсто, новото највисоко ниво во последните четири години, додека на крајот од минатата 2017 година се движеа околу 2,41 отсто. А повисоките приноси од обврзниците им штетат на акциите, бидејќи порди тоа растат трошоците за задолжувањата на компаниите. Покрај тоа, повисоките приноси претставуваат и алтернатива за инвеститорите, коишто би можеле да повлечат дел од средствата од акциите и да купуваат обврзници.

Се проценува дека и Европската централна банка (ECB) до крајот на годинава би можела да ги укине поттикнувачките монетарни мерки. А сето тоа заедно го поттикнува растот на приносите од обврзниците, што, пак, повторно ги зголемува трошоците за задолжувањата на компаниите.

 

Дали е крај на пазарот на „биковите“

По ваквите флуктуации на пазарите се поставува прашањето дали ова го означува крајот на деветгодишното владеење на „биковите“, период на речиси непрестаен раст на цените на акциите. Или, пак, станува збор за долго очекуваната корекција на пазарот пред почетокот на новиот тренд на раст. Можеби, пак, станува збор за почетокот на владеењето на „мечката“, период на пад на цените на акциитте.

Дел од аналитичарите велат дека пазарот го поддржуваат добрите деловни резултати на компаниите, неодамна воведената даночна реформа и релативно силниот раст на американската економија, додека стапката на невработеност се движи на 4,1 отсто, што е најниското ниво во последните 17 години. Други, пак, велат дека пазарот по повеќегодишниот силен раст и постојаното достигнување на рекордни нивоа проценето во контекстот на раст на приносите на обврзниците и плановите на централните банки во светот оваа година да ги укинат поттикнувачките монетарни мерки со коишто со години со ниската цена на парите го поддржуваа растот на цените на акциите.

 

Падот на пазарите на акциите ја турка и цената на нафтата и го раздвижува доларот

Во вторникот претпладнето падот на пазарите на акциите влијаеше и врз цените на нафтата. Цената на барелот сирова нафта на американскиот пазар падна за натамошни 0,8 отсто, на 63,55 долари, додека на лондоснкиот пазар на цената на барелот се движи во близини од најниското ниво во последните четири/пет седмици од 66,90 долари.

А на валутните пазари зајакна јапонскиот јен , кој се смета за една од посигурните засолништа за капиталот во несигурните времиња на светските пазари. Поради тоа курсот на американскиот долар падна на 108,75 јени, додека во понеделникот во истиот период од тргувањето изнесуваше 109,95 јени. Меѓутоа, доларот зајакна во однос на заедничката европска валута, па курсот на еврото се лизна од вчерашните 1,2460 на 1,2360 долари.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на преостанатите шест најважни светски валути од земјите најголеми трговски партнери на САД, достигна во вторникот во претпладневното тргување 89,61 бод, додека во истиот период од понеделничкото тргување изнесуваше 89,15 бодови.