Азиските инвеститори претпазливи, приносите повторно растат, нафтата под притисок, скок на доларот

На азиските берзи во четвртокот се тргува несигурно бидејќи повторно растат приносите на американските обврзници, а вложувачите стравуваат дека јакнењето на инфалцијата ќе доведе до зголемува на каматите и трошоците за задолжувањата на компаниите.

Инексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во раното претпладневно тргување беше речиси непроменет во однос на претходниот трговски ден, во близина на најниското ниво во последните шест седмици. Притоа, на Токиската берза индексот Nikkei зајакна за повеќе од 1 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Хонгконг и Јужна Кореја, пораснаа меѓу 0,2 и 0,8 отсто. Во Шангај, пак, паднаа за повеќе од 1,5 отсто, а ослабеа и некои други индекси во регионот.

Азиските инвеститори се воздржани бидејќи вчерашното тргување на Волстрит покажа дека најголемата светска берз не успева да се стабилизира по остриот пад од крајот на минатата и почетокот на оваа седмица“. Додуша, осцилациите се помали отколку пред една седмица, но вчера на њујоршката берза индексите во поголемиот дел од тргувањето беа во плус, додека пред крајот на денот паднаа во негативната област.

Повторно пораснаа приносите на американските обврзнции и тргнаа кон највисоките нивоа во последните четири години. Тоа е последица на вчерашниот договор меѓу републиканците и демократите во Конгресот за зголемување на буџетот за следните две години од 300 милијарди долари.

Вложувачите, покрај стравувањата од зголемувањето на потрошувачката и инфалцијата, што може да го забрза темпото на зголемување на каматните стапки на американската централна банка, се плашат и дека зголемената државна потрошувачка во САД, заедно со неодама воведената даночна реформа со којашто се кастрат даноците за компаниите, може да доведе до прегревање на економијата, којашто уште сега силно расте.

Поради тоа последните денови приносите на американските обврзници се движат околу највисоките нивоа од почетокот на 2014 година., А повисоките приности им штетат на акциите, бидејќи поради тоа растат трошоците за задолжувањата на компаниите и бидејќи дел од инвеститорите би можеле да повлечат дел од средствата и да купуваат обврзници.

Под притисок се и цените на нафтата, откако во средата беше објавено дека производството на „црното злато“ во САД е на рекордно ниво, при што растат резервите. Поради тоа, цената на барелот на американскиот пазар падна на 61,25 долари, најниско ниво во периодот од еден месец додека на лондонскиот пазар цената на барелот се движи околу најниското ниво во последните шест седмици од 65,15 долари.

А по договорот за буџетот во Конгресот, американскиот долар заначително порасна. Неговиот индекс, која ја мери вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути од земјите најголеми трговски партнери на САД, достигна во претпладневното тргување во четвртокот највисоко ниво во последните две седмици од 90,84 бодови, додека во средата во истиот период од денот изнесуваше 89,64 бодови.

Притоа курсот на доларот кон јапонската валута се движи околу 109,39 јени, колку и во средата во истиот период од денот, додека кон еврото значително зајакна. Поради тоа, цената на еврото утрово се лизна на 1,2275 долари, недалеку ое најниското ниво во последните две седмици, додека во средата во истиот период на денот изнесуваше 1,2390 долари.