Свет

Азиските земји ја одбележуваат десетгодишнината од цунамито

Азиските земји ја одбележуваат десетгодишнината од цунамито

Земјите од југоисточна и јужна Азија кои пред десет години беа погодени од најразорното и насмртоносното цунами во поновата историја ја одбележаа годишницата од природната катастрофа во која животите ги загубија околу 230 000 луѓе од дури 14 земји.

Во индонезиската покраина Ацех, подрачјето кое беше најтешко погодено од цунами, беше одржана службена комеморација која ја водеше потпретседателот Јусуф Кала. Кала им се заблагодари на странските земји кои помогнаа да се обнови Ацех.

На 26-ти декември, околу 8 часот, се затресе океанското дно по што работ на индо-австралиската тектонска плоча се повлече околу 15 метри под работ на евроазиската. Земјотресот со јачина од 9, 1 степени според Рихтер траеше околу 10 минути, а бранот кој се издигна неколку метри над океанското дно создаде голем бран кој стигна до брегот на голем број земји, од Австралија до источна Африка. Најпогодена беше Индонезија од цунами со околу 130 000 жртви.

Во Шри Ланка е организирано комеморативно патување со воз за преживеаните од цунамите и нивните семејства од престолнината Коломбо до Перелија на југот на земјата. Повеќе од 1 400 луѓе загинаа на истото патување пред десет години кога преполниот воз беше погоден од цунамито кое однесе 35 000 животи во таа земја.

Молитвите се одржани на индиските острови Андман и Никоара. На југоисточниот брег во Индија била одржана комеморација недалеку од плажата. Повеќе од 16 000 луѓе настрадаа во цунамито во Индија. Во Тајланд исто така биле одржани верски обреди во селото Бан Нам Кем во покраината Пхангни каде животот го загубија 2 000 луѓе кај ѕидот на сеќавањето Маи Као во Пхукет.