Баба Алида од Сингелиќ наполни 114 години!

Баба Алида од Љуботен е најстариот жител во Македонија, а веројатно и на Балканот.

Таа е родена на 4.мај 1902. година во скопско Љуботен, а ега живее во Синѓелиќ со своите синови, внуци и правнуци.

Слаба, збрчкана, повеќе во крвет но полна со живот. Вака изгледа баба Алида, која вчера наполни 114 години.

Роднините кои се грижат за неа велат дека е иста како пред две три години, збрчкана, слабичка, со топол поглед, и покрај возраста полна со живот. Секое утро јаде кисело млеко со шеќер, и не размислува за годините и староста.

Има 6 деца кои сама ги изгледала, 17 внуци, 19 правнуци, а сега и две нови правнучиња.

Нејзиниот внук за Дневник раскажува дека старицата повеќе е во кревет отколку на нозе поради годините, но не се предава. Киселото млеко со шеќер и е еликсир на младоста. Уште има желба да оди на аџилак.

Тој додава и дека некогаш не препознава никого, некогаш весело разговара со сите.

Нека и е среќен роденденот на бабичката!