Баба на паркирање предизвика штета од 50.000 евра

Осумдесет и осумгодишна жена тешко ја повредила сестра си и себеси кога се обидела да го паркира своето возило во градот Хохенштајн-Ернстхал во источната германска покраина Саксонија во неделата.

Како што извести локалната полиција, нејзината помлада 83-годишна сестра излегла од возилот пред возачката да се залета во гаражата. Силно удрила во задниот ѕид од гаражата и потоа тргнала наназад додавајќи полн гас и ја погодила и тешко повредила сестра си.

Потоа се забила во паркиран автомобил кој го отфрлила во друго возило. Продолжила да се движи оштетувајќи уште еден автомобил пред да се запре удирајќи во куп ѕигли.

Двете сестри завршиле во болница, а полицијата ја проценува штетата на околу 50.000 евра.