Баба Ванѓа ги предвидела поплавите: „Порои ќе нe удават, ќе има река од трупови!“

Бугарските медиуми деновиве потсетуваат на разговорот кој го објави украинскиот бизнисмен Анатолиј Лубченко, што го водел со слепата, но видовита баба Ванѓа од Бугарија, непосредно пред нејзината смрт.

Наводно баба Ванѓа при разговорот предвидела дека светот би требало оваа пролет да биде погоден од големи поплави, кои со себе ќе носат „река од трупови“, но не прецизирала во кој дел на Земјата тоа ќе се случува.

“Големи порои ќе нe удават во доцната пролет 2014 година, ќе има река од трупови”, било нејзиното предвидување.

На овие нејзини зборови, потсетија и хрватските, босанските и српските медиуми, во времето на поплавите кои пред еден месец го зафатија регионот.

Во Бугарија поплавите досега однесоа 11 жртви, а понеделник е прогласен за Ден на жалост во земјата.

Освен ова, таа рекла дека по поплавите ќе се појави епидемија пострашна и од сидата која ќе ги покоси мажите, предвидување кое загрижува.

Станува збор за нова кожна болест. Пророштвото вели дека ќе умираат во тешки маки, а телата ќе им бидат полни со гнојни чирови.

Во Бугарија им придаваат особено внимание на овие претскажувања, со оглед дека голем број од повозрасните граѓани имале можност своевремено да ја запознаат, а подоцна и да се уверат во вистинитоста на нејзината претскажувачка моќ за нивните лични судбини.