Баба Ванѓа: Во 2014 светот ќе го погоди болест многу полоша од сида

Украинско радио деновиве објави досега непознати пророштва од познатата Баба Ванѓа.

Што нам не чека во новата година, наводно знаела легендарната бугарска пророчица Баба Ванѓа која досега ги предвиде нападот на 11 септември во Њујорк, смртта на принцезата Дијана, но и сопствената смрт во 1996 година.

Нејзините, досега непознати пророштва беа објавени на украинско радио, а ги собирал Анатолиј Лубченко, кој со неа разговарал непоредно пред нејзината смрт, пренесе српски Курир.

Прва несреќа која ќе му се случи на светот во новата година е голема поплава која ќе стигне на пролет.

Баба Ванѓа рекла дека поплавата ќе биде причинета од „река на лешеви“, а многумина сметаат дека тоа ќе се случи поради топење на големи количини снег.

Таа исто така кажала дека на светот му се заканува нова болест, која е полоша и од сида, а од неа ќе патата претежно машките лица.

Таа не кажала во кој дел од светот, но рекла дена „луѓето ќе бидат прекриени со чиреви и дека ќе им паѓа кожата“.