Бабиш: НАТО треба да помогне во заштита на границите на ЕУ од мигрантите

Чешкиот министер за финансии Андреј Бабиш денеска ја повика Северноатлантската алијанса да помогне во обезбедување на надворешните граници на Европската унија од мигрантите, објави МИА.

Треба да ја заштитиме шенген зоната. Неоподно е да го ангажираме НАТО, посочи Андреј Бабиш.

Тој мигрантите ги оцени како „најголема закана за Европа“.

За разлика од другите земји-членки на ЕУ, Чешка не е многу погодена од мигрантите, но сепак во последно време нивниот број се зголемува.

Чешка во јуни беше една од земјите кои го блокира предлогот на ЕК за задолжителни квоти за распоредување на бегалците во земјите-членки на ЕУ.

Бугарија упати оклопни возила на границата со Македонија

Бугарија упати оклопни возила на четирите гранични премини, за да зајакне границата со Македонија, поради големиот прилив на бегалци, соопшти денеска бугарскиот заменик-министер за одбрана Николај Караиванов, пренесе МИА.

Во оваа етапа, граничните премини ги зајакнуваме од превентивен карактер, изјави тој за бугарското радио.

Караиванов истакна дека оклопните возила се испратени на граничните премини со Македонија за да се пружи поддршка на граничната полиција и оти, засега, упатени се 25 војници со оклопните возила, а нивниот број може да биде зголемен, доколку тоа го бара ситуацијата.

Досега Бугарија ја зајакнуваше и својата југоисточна граница со Турција, каде испрати над 1000 полицајци и изгради 30-километарски ѕид покрај границата.
Досега Бугарија ја зајакнуваше и својата југоисточна граница со Турција, каде испрати над 1000 полицајци и изгради 30-километарски ѕид покрај границата.

Не се планирани заеднички патроли на војската со граничната полиција, истакна бугарскиот заменик-министер.

Досега Бугарија ја зајакнуваше и својата југоисточна граница со Турција, каде испрати над 1000 полицајци и изгради 30-километарски ѕид покрај границата.